Расте евроскептицизмот меѓу младите во Македонија
Расте евроскептицизмот во Македонија. Младите се помалку веруваат во членство на земјава во Европската унија, кое сметаат дека полека станува недостижна цел. Освен блокадата на нашиот европски пат, друга важна причина поради која се случува ова, е корупцијата во земјава.

Недоволното справување со корупцијата и недовербата кон институциите се главните причина за пораст на евроскептицизмот кај младите – оценуваат од клубот за младински прашања и институтот за добро владеење и евроатлантски политики.
65% од младите не веруваат дека земјава во блиска иднина ќе стане членка на Европската Унија. Доколку се изолира билатералниот спор со Бугарија, во публикацијата која беше презентирана пред пратениците нотирано заостанување зад европските нормативи речиси во секој сегмент: правосудството, здравство, инфраструктура, културниот развој.
Понудени решенија и мерки за надминување на евроскептицизмот. Очекуваат оваа година со средства доделени од државата во висина од 1 милион евра коренети реформи кои ќе имаат за цел да ги задржат младите од иселување.
Марина Стојанова-Тонева
