МВР

Распишана потерница по Ремзи Мифтари, осуден за автобуската несреќа кај Ласкарци

24.11.2025 20:24

Потерница по Ремзи Мифтари, осуден за автобуската несреќа кај Ласкарци. Мифтари, кому апелација му ја зголеми казната од шест на десет години затвор не се појави на издржување на затворската казна...

Полицијата распиша потерница по Ремзи Мифтари, осуден за автобуската несреќа кај Ласкарци. Мифтари, кому апелација му ја зголеми казната од шест на десет години затвор не се појави на издржување на затворската казна, откако претходно бараше нејзино одлагање со лекарско уверение за операција на кила на тестиси.

Мифтари требало да оди во затвор во мај, а гостиварскиот суд пред четири дена испратил барање за негово присилно приведување.

Во автобуската несреќа кај Ласкарци загинаа 16 луѓе, а 30-ина беа повредени.