Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
25.11.2025 08:05
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
