Денеска ново рочиште за случајот „Пулс“
Денеска ново рочиште за случајот „Пулс“. Се очекува да има предлагање на докази, по што би следело произнесување на вина на обвинетите и воведни зборови на адвокатите. На претходното рочиште во воведен говор обвинителот борче Јанев истакна дека во Кочани не изгорел само клубот „Пулс“, со него изгоре илузијата дека одговорните во системот се тука кога треба да заштитат...

Денеска ново рочиште за случајот „Пулс“. Се очекува да има предлагање на докази, по што би следело произнесување на вина на обвинетите и воведни зборови на адвокатите. На претходното рочиште во воведен говор обвинителот борче Јанев истакна дека во Кочани не изгорел само клубот „Пулс“, со него изгоре илузијата дека одговорните во системот се тука кога треба да заштитат. Тој посочи дека опасноста која демнела со години, како последица на институционална негрижа, никој од обвинетите не сакал да ја види.
Судијката најави транспарентна постапка. Секое неоправдано одложување на процесот ќе биде санкционирано. Со одлука на судот, двете постапки се споија во еден предмет.
На обвинителна клупа седат 35-мина, а одговорност се бара и од три фирми. Се товарат за тешки дела против општата сигурност.
