ВЕНЕЦУЕЛА

Вашингтон го засилува притисокот врз Каракас

25.11.2025 10:14

Администрацијата на Трамп дополнително го засили притисокот врз венецуелскиот претседател и го прогласи „Картел де лос Солес“ за странска терористичка организација...

Администрацијата на Трамп дополнително го засили притисокот врз венецуелскиот претседател и го прогласи „Картел де лос Солес“ за странска терористичка организација. САД тврдат дека ентитетот е предводен од Мадуро. Владата на Каракас категорично го отфрли постоењето на картелот и го опиша обвинувањето како измислица.

„Марко Рубио изнесе уште едно тврдење за картелот Санс, дека сега е терористичка организација. Смешно, тие се смешни, ја повторуваат и ја повторуваат приказната за трговија со дрога“, рече Делси Родригез, извршен вицепретседател на Венецуела.

Во меѓувреме две венецуелски авиокомпании ги откажаа летовите до и од земјата, придружувајќи се на седум меѓународни авиокомпании кои веќе ги прекинаа операциите на небото на Венецуела. Федералната администрација за воздухопловство на САД изминатата недела ги предупреди пилотите да бидат внимателни кога летаат над Венецуела поради влошената безбедносна ситуација и зголемената воена активност низ земјата. Институтот за воздухопловство на Каракас ги извести меѓународните авиокомпании дека мора да ги продолжат летовите во рок од 48 часа или ризикуваат да ја изгубат дозволата за летање.

„Ниту една психолошка војна нема да ја запре Венецуела. Ги победивме во психолошката војна и во економската војна, а Венецуела оди напред. Тука, меѓу нас, кој и да се обиде да се извлече – кој и да ги прекрши правилата – постојат закони“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.

Тензиите Вашингтон-Каракас се засилија откако од септември американските сили извршија серија напади врз бродови осомничени за трговија со дрога во меѓународните води на Карибите и Тихиот Океан, вклучувајќи неколку бродови за кои тврдат дека отпловиле од Венецуела. Најмалку 80 лица загинаа.