Судот пресуди: Заев е виновен за клевета

03.09.2014 15:44

Лидерот на СДСМ Зоран Заев е виновен за клевета, пересуди судот во судскиот процес за клевета што го поведе премиерот Никола Груевски против лидерот на СДСМ.

Заев треба на Груевски да му исплати 50 илјади евра отштета за клевета, нанесена душевна болка и повреда на честа и угледот со изнесените обвинувања за наводна корупција при продажбата на „Македонска банка“.

Груевски и Заев директно се соочија пред судот. Груевски за десет пати го намали побарувањето со став дека целта не му била материјална корист, туку докажување на вистината.