МВР

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

25.11.2025 12:27

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок...

Вчера во 21:20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Л.Б.(21) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.