Акција на ОЈО ГОКК и МВР

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

25.11.2025 10:35

Истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи, под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата...

Се вршат претреси на повеќе локации низ државата, информираат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

„Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата“, се вели во соопштението од ОЈО ГОКК.

Претресите, како што додаваат, се поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.