Јапонија

Токио и САД на врска по тензиите со Кина за Тајван

25.11.2025 18:31

Јапонија и САД имаат блиски односи, потврди јапонската премиерка по телефонскиот разговор со американскиот претседател...

Јапонија и САД имаат блиски односи, потврди јапонската премиерка по телефонскиот разговор со американскиот претседател. Разговорот следува по тензиите меѓу Токио и Пекинг за Тајван.

Имено јапонската премиерка беше критикувана од Кина за изјавата дека кинеската поморска блокада или друга акција против Тајван би можела да биде основа за јапонски воен одговор.

Претходно, кинескиот претседател испрати остро предупредување до американскиот колега Трамп и подвлече дека враќањето на Тајван во рамките на Кина е клучен дел од повоениот меѓународен поредок.

Пекинг го смета Тајван за своја територија и не ја исклучува употребата на сила за повторно обединување, додека властите во Тајпеј тврдат дека само народот на островот може да одлучи за својата иднина.