Лишено од слобода лице барано со потерница за издржување казна затвор
Вчера околу 10:00 часот од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага, на подрачје на ЕВР Гази Баба лишен од слобода е И.Ѓ.(26) од Гевгелија...

Вчера околу 10:00 часот од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага, на подрачје на ЕВР Гази Баба лишен од слобода е И.Ѓ.(26) од Гевгелија.
Истиот, соопштуваат од МВР, се барал по издадена Централна потерница од Основен Суд Гевгелија за сторени кривични дела по чл. 418-б „криумчарење мигранти“ и 418-в „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти“ за што е осуден на казна затвор во траење од осум години и шест месеци затвор.
Лицето по приведувањето е предадено во КПУ-Затвор Идризово за понатамошна постапка.
