ФЗОМ

ФЗОМ: До крајот на месецов сите надоместоци за породилно отсуство ќе бидат исплатени

25.11.2025 13:37

Породилниот надомест доцни по 30 дена, обвинуваат од СДСМ. Бараат Владата јавно да ја објави состојбата со Фондот и да каже каде завршиле парите што треба да ги добијат мајките. Од ФЗОМ велат – до крајот на месецов сите надоместоци по овој основ ќе бидат исплатени…

20 до 30 дена доцни исплата на надоместокот за породилно отсуство, обвини СДСМ. Партијата бара фиксен датум на кој ќе се исплаќаат средствата.

Во касата на Фондот има пари, тековно се вршат исплатите, вели првиот човек на Фондот за здравство Сашо Клековски. Објаснува, плаќањата не можат да бидат во ист ден, бидејќи на некои им завршува правато породилното отсуство, на други им почнува, не може да се земе моделот како за пензиите.

Најголем дел од исплатите се од 10 до 20 во текот на месецот, бидејќи тогаш најголем број од работодавачите исплаќаат плати. За месец октомври досега се обработени и исплатени 6.268 предмети. Преостанатите околу 1.000 ќе бидат исплатени до крајот на месецот. Во септември биле обработени 7.319 предмети.

Наташа Јанчиќ Менковски