Ставрески: Македонија останува во групата земји со умерена задолженост
Вицепремиерот Зоран Ставрески ги образложи политиките- земаме кредити за реализација на инвестициски и капитални проекти кои ќе донесат поврат на инвестицијата и зголемена конкурентност...

И со земената евробврзница, Македонија останува во групата земји со умерена задолженост и меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа. Нивото на долгот се уште не е на ризично и високо ниво.
Вицепремиерот Зоран Ставрески ги образложи политиките- земаме кредити за реализација на инвестициски и капитални проекти кои ќе донесат поврат на инвестицијата и зголемена конкурентност.
„Во овој период се реализираат проекти коишто се од стратешко значење за конкурентноста на Република Макеоднија, такви се изградбата на пругата кон Бугарија, изградбата на автопатите од Скопје до Штип и од Кичево до Охрид. Понатака изградбата и реконструкцијата на железницата во делот на Коридорот 10, во следниот период ќе се реализира и проектот за гасификација, така што станува збор за добро таргетирани, крупни инфраструктурни проекти кои ќе овозможат не само поврат на средствара туку и зголемување на конкурентноста на приватниот сектор. Сето тоа укажува дека долгот на Република Македонија е поставен во функција на долгорочен економски раст што ќе помогне полесно да се враќаат обврските“, објаснува вицепремиерот Ставрески.
