Меѓународна конференција во Скопје

Народната банка ги засилува активностите за управување со климатските промени

25.11.2025 17:39

Климатски ризици и финансиска стабилност, справување со денешните предизвици и искористување на утрешните можности – тема на конференцијата што се одржа во Скопје…

Климата има директно влијание врз финансиската стабилност, а климатските промени предизвикуваат национални катастрофи, како поплави и пожари, кои меѓудругото, ја уништуваат и инфраструктурата. Затоа, неопходен е одлучен одговор од сите надлежни институции, вклучително и народните банки, со цел изградба на отпорни финансиски системи.

Централните банки веќе ги интегрираат овие ризици во аналитичките и супервизорски рамки, истакна гувернерот на македонската Народна банка, Трајко Славевски.

Климатските ризици се потценети и недоволно земени в предвид, смета директорот на Фондот за зелен развој, Борислав Костадинов.

Задоцнетата акција ќе резултира со високи трошоци, затоа потребна е силна соработка меѓу владите, меѓународните институции и финансискиот сектор, порака од меѓународната конференција за климатските промени и финансискиот сектор.

Марија Котовска