Македонија

Општина Кисела Вода денес рушеше дивоградба во населбата 11 Октомври

25.11.2025 17:45

Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, почитувајќи ги сите закони и правила. Нема да има двојни стандарди за никого и нема да дозволиме прекршување на било каков закон, изјави градоначалничката...

Денес во населбата 11 Октомври, во Општина Кисела Вода беше срушена дивоградба, по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти. Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар.

Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, почитувајќи ги сите закони и правила. Нема да има двојни стандарди за никого и нема да дозволиме прекршување на било каков закон. Законите мора да важат подеднакво за сите. Во мојот мандат ќе se залагам за работење исклучиво според право и правда- изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, посочувајќи дека институцијата ќе постапува одговорно за сите случаи каде ќе се утврдат нерегуларности во однос на објекти на територијата на општината.

За секој објект кај кој ќе се утврдат неправилности ќе биде издадено решение за отстранување. Тоа е единствениот начин да воспоставиме ред и правичност и да го заштитиме јавниот интерес- нагласи градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.