Премиерот Груевски оствари средба со германскиот пратеник Торстен Фрај
Соговорниците ја истакнале определбата на Република Македонија за членство на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО алијансата, и поддршката која Сојузна Република Германија ја дава во спроведувањето на реформите и за реализација на овие цели...

Премиерот Никола Груевски, остварил средба со Торстен Фрај, пратеник во германскиот парламент од редовите на ЦДУ чиј лидер е германската канцеларка Ангела Меркел, и главен известувач за регионот на Југоисточна Европа за пратеничката група на оваа партија.
Соговорниците ја истакнале определбата на Република Македонија за членство на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО алијансата, и поддршката која Сојузна Република Германија ја дава во спроведувањето на реформите и за реализација на овие цели.
Груевски и Фрај се согласиле дека за надминување на отвореното прашање со нашиот јужен сосед е потребен конструктивен и посветен однос од сите страни кои се вклучени во процесот за решавање на спорот.
Груевски го запознал германскиот пратеник со реформите кои се спроведуваат во Македонија, тој пак за нив изразил позитивна оценка и ја дал својата и поддршката на неговата партија во понатамошното интензивирање и продлабочување на политичката и економската соработка и соработката на полето на инвестициите помеѓу двете земји.
