Влада

Над 6 илјади пристигнати апликации, најголем интерес за мерката за самовработување од Оператвниот план на Владата

25.11.2025 17:50

Ќе се отвораат нови бизниси. Над 6 илјади апликации пристигнаа за мерката за самовработување од оперативниот план. Поддршката и до 20 илјади евра.

Сè повеќе млади одлучуваат, наместо да чекаат вработување да отворат сопствен бизниси. Рекорден интерес има за грантовите за самовработување – аплицирале над 6.000 илјади луѓе за добивање државна помош. 2.545-мина се во процес на потпишување на договорите, по што следи дводневна обука.

Досега се издадени околу 3 илјади ваучери за изработка на бизнис план, при што 1.140 се за млади до 29 години, 912 над 29 години, а 629 за правни субјекти – друштва со ограничена одговорност.

Со Оперативниот план годинава е предвидено да се опфатени над 16 илјади и 500 лица – најмногу досега.

Мерката за самовработување е дел од Оперативниот план што тежи 40 милиони евра.

 

Борис Грујоски