Македонија

Камбовски: Ако сакаме да градиме судство, без финансии тоа не е можно

25.11.2025 17:29

Ако сакаме да градиме судство, без финансии тоа не е можно смета првиот човек на Судскиот совет по најавите дека за судството ќе се издвојува речиси 0,8 проценти од БДП. Камбовски уверува дека Акцискиот план нема да остане само на хартија и оти судиите ги научиле грешките од минатото...

Претседателот на Судскиот совет не се согласува со ставовите на премиерот Мицкоски, вели не станува збор за повисоки плати кои се мал дел од реформската агенда туку за преземените обврски на државата која се согласила да оди по европскиот пат и да спроведе структурни промени. Камбовски ги поздрави најавите на Владата за почеток на дијалогот со судската власт, но и предложените измени на законите.

Ако сакаме да градиме судство, без финансии тоа не е можно смета првиот човек на Судскиот совет по најавите дека за судството ќе се издвојува речиси 0,8 проценти од БДП.

Судскиот совет ја презентираше и Предлог-програмата за борба против корупцијата 2026-2029 година. Камбовски уверува дека Акцискиот план нема да остане само на хартија и оти судиите ги научиле грешките од минатото. Вели адресирани се најважните проблеми за чиешто решавање има точни чекори, мерки и временски рамки.

Викторија Милевска