Македонија

Насилството врз жените – сериозен општествен проблем

25.11.2025 19:35

Дванаесет фемициди во последните три години во земјава, од кои четири во 2025-та. Насилството врз жените не е приватна работа, туку сериозен општествен проблем – алармираат од невладините. Почетокот на 16-те меѓународни денови на активизам против насилството врз жените …

Епидемија на насилство врз жени. Дванаесет фемициди во последните три години во земјава, а во 2025-та четири. Активистите бараат итни мерки за заштита и превенција, поголема меѓусекторска соработка. Алармираат – насилството врз жените не е приватна работа, туку сериозен општествен проблем.

Почнува светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“. И покрај декларации, законски измени, активности, проблемот со насилството не само што останува туку се трансформира во агресија, вели претседателката Сиљановска-Давкова.

Од Социјала велат, годинава има 1.260 нови случаи на семејно насилство, а во моментов се работи на осумгодишна национална стратегија.

Статистиката на МВР за 2024-та брои пет убиства, пет сторители и седум жртви, а за 2025-та четири убиства, четири сторители и пет жртви.

Според Обединетите нации на секои десет минути животот го губи една жена или девојка, убиена од својот партнер или од член на семејството.

Ана Јосифоска