Политика

До крајот на неделава предлози за нов вицепремиер и министер за животна средина

26.11.2025 08:14

Најчесто споменувани се ексминистерот за здравство Беким Сали и поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа, но е неизвесно дали вреди ќе добие министерство со или без ресор.

Премиерот Мицкоски очекува владиниот коалициски партнер ВРЕДИ денеска да му ги достави предлозите за испразнетите позиции, по изборот на Изет Меџити за градоначалник на Чаир.

Најави дека до крајот на неделава ќе ги достави до Собранието персоналните решенија за вицепремиерското и за министерско место во животна средина.

Најчесто споменувани се ексминистерот за здравство Беким Сали и поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа, но е неизвесно дали вреди ќе добие министерство со или без ресор.

Најавената реконструкција на владата пак, треба да се случи по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на 6-ти декември.