Собраниска делегација на 24. Состанок на МПК – РСМ и ЕУ во Стразбур
Состанокот ќе го отворат копретседавачите на Мешовитиот парламентарен комитет - пратеничката Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер, а потоа дискусијата ќе продолжи на повеќе теми, како што се: Основни права и слободата на говор; Владеење на правото и борбата против корупцијата; Перспективите на пристапните преговори, добрососедските односи...

Во Европскиот парламент во Стразбур, Франција, денеска и утре ќе се одржи редовниот 24. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Северна Македонија и Европска Унија, односно Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација.
На состанокот, од страна на Собранието учествува делегација во состав: Иванка Василевска, шефица на делегација; Жаклина Пешевска и Соња Мираковска, заменик-претседателки; членките Арбана Пашоли, Саранда Имери-Стафаи и Славјанка Петровска; како и заменик-членот Љупчо Пренџов.
Состанокот ќе го отворат копретседавачите на Мешовитиот парламентарен комитет - пратеничката Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер, а потоа дискусијата ќе продолжи на повеќе теми, како што се: Основни права и слободата на говор; Владеење на правото и борбата против корупцијата; Перспективите на пристапните преговори, добрососедските односи, регионалната соработка и регионална стабилност. Исто така ќе се разговара и за: Прашања поврзани со животната средина; Транспорт, енергија и инфраструктурна поврзаност; Вештачка интелегенција и дигитализација, информираат од македонското Собрание.
Во делот на размена на мислења, обраќања ќе имаат и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.
Вториот ден од 24. Состанок на МПК треба да заврши со усвојување соодветни заклучоци во однос на темите за дискусија.
