ИСИС

Потврдена автентичноста на снимката од обезглавувањето на американскиот новинар Сотлоф

03.09.2014 16:40

Вашингтон ја потврди автентичноста на снимката од вчерашната егзекуција на американскиот новинар Стивен Сотлоф, кој беше киднапиран на територија под контрола на Исламската држава. 

Велика Британија стравува за животот на својот новинар Дејвид Хејнс кој е следниот за егзекуција. Премиерот Камерон и комитетот Кобра ја разгледуваат заканата на милитантите за егзекуција на Британецот ако не престанат нападите врз нивните сили и не исклучи можна акција против силите на ИДИЛ. 

„Американскиот претседател наскоро ќе даде изјава во врска со анализата на САД. Нашата првична анализа е дека снимката е автентична. Навистина се работи за Сотлоф и очигледно за истиот човек со британски акцент од претходната снимка“, рече Филип Хемонд, секретар за надворешни работи на Велика Британија.

Обама, кој на снимката беше лично прозван од егзекуторот, од талин, естонија порача – нашата рака стига далеку далеку и правдата ќе биде задоволена.