ТАЈВАН

Тајван подготвува дополнителен одбранбен пакет од 40 милијарди долари

26.11.2025 12:05

Претседателот Лаи Чинг-те објави дека Тајван подготвува дополнителен одбранбен пакет од 40 милијарди долари, за да го зацврсти одвраќањето и да ја зголеми сопствената борбена подготвеност...

Само народот на Тајван може да ја одлучува својата иднина, велат властите во Тајпеј по најновите изјави на Пекинг за суверенитет врз островот. Претседателот Лаи Чинг-те објави дека Тајван подготвува дополнителен одбранбен пакет од 40 милијарди долари, за да го зацврсти одвраќањето и да ја зголеми сопствената борбена подготвеност.

Претходно, Јапонија објави дека планира да распоредува ракети на острови во близина на Тајван, потег кој Пекинг го оценува како провокација насочена против Кина и предупреди дека ќе ги сузбие сите обиди за надворешно влијание врз ситуацијата околу Тајван.