КЗК изрече прекршочни санкции за четири трговски друштва и ССК за учество во забранет договор
Комисијата за заштита на конкуренцијата утврди дека четири трговски друштва кои се занимаваат со трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори, како координатор, учествувале во забранет договор...

Изречени казни за компании кои незаконски договарале цени. Комисијата за заштита на конкуренцијата утврди дека четири трговски друштва кои се занимаваат со трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори, како координатор, учествувале во забранет договор, кога на состанок на 5-ти февруари постигнале усогласен став за неприфаќање нови или зголемени ценовници од добавувачите.
Со тоа, како што објаснува комисија, тие се координирале и ја ограничиле конкуренцијата, што е забрането. Компаниите се казнети со по 50 илјади евра, а Сојузот на стопански комори со 18 ипол илјади евра.
