Тајван

Тајпеј ќе ја засилува одбраната

26.11.2025 16:38

Тајван подготвува дополнителен одбранбен пакет од 40 милијарди долари, за да го зацврсти одвраќањето и да ја зголеми сопствената борбена подготвеност, имајќи предвид дека Кина полага право на островот. Најавата доаѓа во период на засилени тензии, откако и Јапонија планира да распореди ракети во близина на Тајван, потег кој Пекинг го оцени како провокација. Судирот меѓу реториката на Кина, дипломатските потези на Јапонија и одбранбената решителност на Тајван создава најинтензивна регионална атмосфера во последната деценија.

Само народот на Тајван може да одлучува за својата иднина, велат властите во Тајпеј. Претседателот објави дека се подготвува дополнителен одбранбен пакет од 40 милијарди долари, за да го зацврсти одвраќањето и да ја зголеми сопствената борбена подготвеност, имајќи предвид дека КТајван подготвува дополнителен одбранбен пакет од 40 милијарди долари, за да го зацврсти одвраќањето и да ја зголеми сопствената борбена подготвеност, имајќи предвид дека Кина полага право на островот. Најавата доаѓа во период на засилени тензии, откако и Јапонија планира да распореди ракети во близина на Тајван, потег кој Пекинг го оцени како провокација. Судирот меѓу реториката на Кина, дипломатските потези на Јапонија и одбранбената решителност на Тајван создава најинтензивна регионална атмосфера во последната деценија.ина полага право на островот. Најавата доаѓа во период на засилени тензии во регионот, откако и Јапонија планира да распореди ракети во близина на Тајван, потег кој Пекинг го оцени како провокација.

„Ќе ги зголемуваме трошоците за одбрана. Според стандардите на НАТО, буџетот за одбрана следната година ќе надмине 3% од БДП и ќе достигне 5% од БДП до 2030 година, демонстрирајќи ја решителноста да браниме нашата земја“, изјави Лаи Чинг-Те- претседател на Тајван.

Остварен телефонски разговор Трамп-Такаичи за односите со Кина, откако јапонската премиерка предизвика сериозен дипломатски скандал со Пекинг по нејзината изјава за Тајван.

„Соочени со меѓународните околности, ова беше уште една можност да ја потврдиме блиската соработка што ја имаме меѓу Јапонија и сад“, изјави Санае Такаичи- премиерка на Јапонија.

„Имав одличен разговор со Такаичи, имам многу добар однос со неа. Исто така, имав одличен разговор со претседателот на Кина“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.

Кинескиот претседател Џјинпинг, во телефонски разговор му рекол на Трамп дека „враќањето на Тајван во Кина“ е клучен дел од визијата на Пекинг за светскиот поредок.

„Забелешките на Такаичи длабоко ги повредија чувствата на кинескиот народ и ја влошија атмосферата за размена меѓу кина и Јапонија. Јапонија треба веднаш да ја исправи својата погрешна реторика и постапки и да престане да создава проблеми поврзани со Кина“, изјави Мао Нинг – портпарол на МНР на Кина.

Судирот меѓу реториката на Кина, дипломатските потези на Јапонија и одбранбената решителност на Тајван создава најинтензивна регионална атмосфера во последната деценија.

 

Катерина Бојаџиева