Ирак

САД продолжуваат со напади на Исламската држава

03.09.2014 16:44

Тензично e во Ирак. САД извршија воздушни напади на цели на џихадистите на Исламската држава во Ирак при што се уништени 16 возила. Американскиот претседател Барак Обама најави дека нападите ќе продолжат и ќе се интезивираат за да може да се достави хуманитарна помош за градот Амерли, кој речиси два месеца беше под опсада на сунитските џихадисти.

„ИСИС е многу сериозна закана не само за Ирак туку и за регионот. Затоа ние мора да направиме стратегија со што ќе ги заштитиме луѓето во Ирак“, рече Барак Обама, претседател на САД.

Белата куќа ќе испрати 350 војници за заштита на  американската амбасада и дипломатски персонал во земјата.