БЕЛГИЈА
Аеродромот во Брисел ги откажа сите појдовни летови поради тридневниот национален штрајк
26.11.2025 20:07
Аеродроми, приватни болници, продавници, индустрии и приватниот сектор се приклучија на штрајкот...

Аеродромот во Брисел ги откажа сите појдовни летови поради тридневниот национален штрајк. Аеродроми, приватни болници, продавници, индустрии и приватниот сектор се приклучија на штрајкот. Синдикатите и натаму од властите бараат решение за пензиите како клучно прашање, фер данок на богатство, данок на дигитални активности за технолошките гиганти и транспарентен скрининг на субвенциите за компаниите.
Акцијата беше свикана како одговор на обидите на премиерот Барт де Вевер да го намали долгот на Белгија со промена на законите за труд и реформирање на надоместоците за невработеност и пензиите.
