ХОНГКОНГ
Пожар во висококатница во Хонгконг, најмалку четири загинати
26.11.2025 19:20
Неколку жители останаа заробени во домовите во станбениот комплекс, соопштија локалните власти...

Најмалку четири лица загинаа во пожар во висококатница во Хонгконг. Неколку жители останаа заробени во домовите во станбениот комплекс, соопштија локалните власти. Пожарот, во областа Тај По, брзо се проширил. Спасувачите продолжуваат со пребарувањето додека трае акцијата за локализирање на огнот. Областа Тај По се наоѓа во северниот дел на Хонгконг, во близина на границата со градот Шенжен во континентална Кина.
Станува збор за приградска заедница со високи згради и густа урбана структура, што дополнително го усложнува пристапот за пожарникарите.
