МВР

Во гостиварско приведени девет државјанки на Колумбија поради злоупотреба на туристичкиот престој

26.11.2025 14:30

Вчера во 01:30 часот при преземање на мерки и активности од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар во угостителски објект во с. Добридол, гостиварско, биле затекнати 13 женски лица, од кои девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки, информираат од МВР...

Вчера во 01:30 часот при преземање на мерки и активности од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар во угостителски објект во с. Добридол, гостиварско, биле затекнати 13 женски лица, од кои девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки, информираат од МВР.

Поради злоупотреба на туристичкиот престој, странските државјанки П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е.(34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В.(20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26), П.М.М.М. (32), сите од Колумбија се приведени, против нив се поднесени пријави, а од страна на Основен суд Гостивар им е одредена мерка забрана за влез во РСМ во времетраење од една година и парична казна, стои во соопштението.