Политика

Пратенички прашања во Собранието

27.11.2025 08:10

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.

Собранието денеска ќе ја одржи 71-та седница со единствена точка на дневен ред поставување на пратенички прашања.

Вообичаено, вакви пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот.

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.

Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа.