Евроинтеграции

Муцунски: Ние сме конструктивни, но македонскиот јазик, идентитет и достоинство не се предмет на преговори

27.11.2025 08:22

Во обраќањето на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија, Муцунски посочи – она што го бараме за возврат е партнерство со многу јасна перспектива.

Ние сме конструктивни, но македонскиот јазик, идентитет и достоинство не се предмет на преговори-порача од Стразбур, шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.

Во обраќањето на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија, Муцунски посочи – она што го бараме за возврат е партнерство со многу јасна перспектива.

Времето пред нас може да биде време на одлуки и на можности. Нашата држава е подготвена да го даде својот придонес, заклучи Муцунски.

Муцунски се осврна и на реформските процеси поврзани со Планот за раст и Реформската агенда 2024 – 2027, истакнувајќи дека реформите се насочени кон економски развој, задржување на младите и привлекување инвестиции.

Тој подвлече дека државата веќе докажува дека може да придонесува кон стабилноста на регионот и Унијата, меѓу другото и преку првото партнерство во безбедноста и одбраната со ЕУ во рамките на Западен Балкан.