САД

САД ги суспендираат сите имиграциски апликации од Авганистан по терористичкиот напад во Вашингтон

27.11.2025 09:44

Двајцата припадници на Националната гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа се во критична состојба. Осомничениот, Рахманула Лакамал од Авганистан, е тешко ранет и одбил да соработува со истрагата. Трамп најави најстроги казни за напаѓачот и ревизија на имиграциските проверки за авганистанските бегалци...

Двајцата припадници на Националната гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа се во критична состојба. Градоначалничката на Вашингтон, Баузер го оцени нападот како таргетиран.

Осомничениот, Рахманула Лакамал од Авганистан, е тешко ранет и одбил да соработува со истрагата. Мотивот и оружјето сè уште не се познати. ФБИ ја води истрагата.

Пентагон најави распоредување на дополнителни 500 гардисти во Вашингтон, каде веќе има околу 2.200, додека претседателот Трамп најави најстроги казни за напаѓачот и ревизија на имиграциските проверки за авганистанските бегалци. Министерството за внатрешна безбедност ја запре обработката на сите авганистански барања.

„Овој гнасен напад беше чин на зло, чин на омраза и на терор. Како претседател на САД, решен сум да се осигурам дека животното кое го изврши ова злосторство ќе ја плати најскапата можна цена. Осомничениот во притвор е странец кој влегол во нашата земја од Авганистан. Нема да толерираме вакви напади врз законот и редот од луѓе кои не треба ни да бидат во нашата земја. Сега мора повторно да го испитаме секој странец што влегол во нашата земја од Авганистан под водство на Бајден и мора да преземеме сите потребни мерки за да обезбедиме нивно отстранување“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.