Успехот на украинските сили ја засилува позицијата на Украина за преговори, нагласи Зеленски
Украинскиот претседател Зеленски вели дека е потребен поголем притисок врз Русија додека таа ги одбива мировните напори...

Додека западните и американските претставници ги засилуваат дипломатските напори за постигнување мир во Украина, а безбедносните гаранции остануваат клучен предизвик, Русија останува цврста во своите позиции, изјави заменик-министерот Сергеј Рјабков.
Украинскиот претседател Зеленски вели дека е потребен поголем притисок врз Русија додека таа ги одбива мировните напори. Додека над 100 илјади руски војници се концентрирани на Покровскиот фронт, подготвени за нови напади, Зеленски нагласува дека успехот на украинските сили ја засилува позицијата на Украина за преговори.
„Важно е украинските војници да продолжат да го уништуваат окупаторот и да ги бранат позициите. Ова е основата на нашата способност да преговараме во интерес на Украина. Секој уништен руски окупатор, секоја уништена руска единица опрема, и наш длабок удар се аргументи дека вреди да се биде со Украина, вреди да се помогне на Украина и да се изврши притисок врз Русија заради мир, не на Украина, туку на Русија – единствената причина зошто војната се влече. Сè додека Русија продолжува да ги отфрла сите мировни напори, санкциите против неа мора да бидат заострени, а одбранбената и финансиската помош за Украина мора да продолжат“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
