Белата чума ги празни училиштата
Секоја година се помалку дечиња се запишуваат во училиштата и во метрополата. На пример, во „Димитар Македонски“ годинава се формираа две паралелки, помалку за една цела...

Се помалку детски жагор. Вистинска наслада е да се види преполн училиштен двор. Секоја година се помалку дечиња се запишуваат во училиштата и во метрополата. На пример, во „Димитар Македонски“ годинава се формираа две паралелки, помалку за една цела. Наставниците со неколкугодишен стаж велат, старее населбата, се помалку се раѓаат дечиња.
„Оваа година е намален за околу една паралелка, околу 20 до 30 ученици. Во моментов имаме две паралелки, една целодневна и една класична паралелка на ученици. Моментално бројката изнесува 48 ученици“, рече Љупка Павловска, одделенски наставник.
А тие, најмалите, би сакале да имаат брат или сестра. Кое за да го одбранат, кое за да има со кого да се игра или да прошета.
„Јас има брат, би скаал да има и сестра... Jас би сакала да имаме и брат и сестра, за да имам друштво... Имам помало братче, сакам да имам уште една сестричка“, велат анкетираните дечиња.
Родителите тврдат дека скромноста била пресудна што некогаш и покрај сиромаштијата имало многудетни семејства.
„И самите бараме мнгоу повеќе од животот, сакаме повеќе да пружиме на нашите деца.“
„Размислуваме на социјалниот живот, треба тие деца да се изгледаат, да се израснат“, велат анкетираните родители.
Финансиите се едно, а навиките се друго тврдат експертите.
Белата чума се повеќе зема замав во земјава. Експертите тврдат дека не е само поради економските причини, туку дека се менуваат и вредностите кај луѓето.
Се напушта патријахалноста.
„Изместена е онаа вредносна компонента каде во координација со таткото, мајката, сега одлуката за имање на дете ја носат двајцата партнери во бракот“, вели проф. д-р Јорде Јакимовски, експерт за социјално демографски движења.
Годинава се запишаа 1500 основци помалку од лани. Земјата години наназад е со наталитет под простата продукција. Властите преземаа низа мерки, но трендот на опаѓање на наталитетот тешко не напушта.
Фиљана Кока
