Кривични и прекршочни пријави за сендвичарите од кои се затруја 60-тина граѓани

03.09.2014 17:47

На сендвичарницата во Центар е симната лентата од Државниот и здравствен инспекторат, стои натпис дека објектот се реновира, а сопственикот вели дека никој не е затруен оттаму. Во Скопје нова закана за зараза. Од Агенцијата за храна алармираат, ешерихија коли има во вода...

Кривични и прекршочни пријави за сопствениците на сендвичарниците „Жу Жу“ во центарот на Скопје и „Стефани А“ во Драчево. По шест илјади евра глоба за газдите од чии производи се затруја 60-тина граѓани. Надлежните сопштија дека во двете имало фекални бактерии.

„Она што ќе отиде по барање на јавно обвинителство е веќе во нивните раце. Во „Стефани А“ се тргна со 13 пријавени, а веќе е стигнато до 51, а додека во вториот случај во „Жу Жу“ е тргнато со пет пријавени, а веќе се девет или десет. Токму поради тоа е нагласено дека кога ќе се затвори комплетирањето на документацијата може ќе се јавуваат и други“, изјави д-р Џевџез Шакири, директор на Државниот и здравствен инспекторат.

На сендвичарницата во Центар е симната лентата од Државниот и здравствен инспекторат, стои натпис дека објектот се реновира, а сопственикот вели дека никој не е затруен оттаму. Во Скопје нова закана за зараза. Од Агенцијата за храна алармираат, ешерихија коли има во вода.

Освен храна, во нехигиенските сендвичарници, извор на зараза може да биде и водата од четирите чешми во Скопје, меѓу кои и оваа кај црквата Св. Јован Крстител и три на Средно Водно. 

Надлежните по добиените резултати ја известиле Општина Центар, која има обврска да ги обележи чешмите и да врши дезинфекција на водата за пиење во овие чешми. Опасност од зарази демне и од најавените врнежи.

„Шахти кои избиваат со фекална канализација, па за ден-два таа вода ќе се исуши, меѓутоа контаминацијата на околната средина останува. Да не заборавиме дека вирусот исушен во надворешна средина може да осптане и неколку недели“, вели прим. д-р Жарко Караџовски од Институт за јавно здравје.

Нема нови заболени од жолтица. Заега од оваа зараза се регистринани околу 150 граѓани.

Наташа Јанчиќ