Македонија

Состанок во ЦУК поради лизгање на земјиште на Водно

27.11.2025 12:26

Состанокот, информираат од ЦУК, бил свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски.

Во Центарот за управување со кризи денес се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби.

Состанокот, информираат од ЦУК, бил свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски.

Присутните институции ја разгледаа состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето, велат од ЦУК.

Заклучоците од состанокот ќе бидат официјално проследени до Владата за натамошно постапување.