Македонија

Мерките за спречување родово и семејно насилство не се доволно ефикасни, констатира ДЗР

27.11.2025 18:44

Ревизорски извештај за имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за заштитата и борба со семејното насилство и насилството врз жените. Конвенцијата се фокусира на превенција на насилство, заштита на жртвите, санкционирање на извршителите и осигурување дека Владата ќе соработува со јасни политики. Во Македонија, состојбата е незадоволителна, инертна и бавна, констатира Државниот завод за ревизија...

Од близу 6.300 регистрирани случаи на семејно и родово насилство во Македонија, 60% проценти се со телесни повреди, а 30 се животозагрозувачки, информираат од државниот завод за ревизија. Заклучокот во нивниот извештај за имплементацијата на конвенцијата на Советот на Европа за борба со семејното и родово насилство, е негативен, а оценката е дека мерките и активностите на државата во овој контекст, не се доволно ефикасни.

Состојбата во Македонија е жална и исполнета со негативни појави како бавност и интерност, велат од Државниот завод за ревизија.

Во свет во кој секоја трета жена е жртва на физичко или семејно насилство, оваа конвенција е клучна за заштита на достоинството, правдата и еднаквоста, истакна амбасадорот на Швајцарија во Македонија.

Поентите од ревизорскиот извештај да бидат основа за подобрување на системот и намалување на бројот на случаи, беше порачано од конференцијата.

 

Марија Котовска