Собрание

Во законодавниот дом седница за пратенички прашања

27.11.2025 17:27

Реформите во правосудството, барањето екстрадиција на експремиерот Никола Груевски, линеарното зголемување на пензиите. Ова беа жешки теми на собраниската седница за пратенички прашања. Опозицијата обвини дека нема пари за пензии, премиерот Мицкоски откри дека Уставен го укинал линеарното покачување.

Ако се зголемат платите во правосудниот систем како што се бара, тогаш буџетот би требало да тежи над 8 милијарди евра, а тоа е невозможно, рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање од опозицијата. Тој посочи дека и сега за судството се одделува повеќе од пропишаното односно 0,45%, наспроти одлуката на Советот на Европа тој процент да изнесува 0,39.

И додека социјалдемократите тврдат дека касата на ПИОМ е празна и пензионерите може да не земат пензија, Мицкоски откри дека Уставниот суд го укинал линеарното зголемување на пензиите.

Атмосферата зовре на прашањето дали Министерството за правда поднело барање за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски од Будимпешта.

На пратеничките прашања и одговорот дека платите следната година ќе се зголемат за 9 до 10 проценти согласно колективните договори. Владата очекува инфлацијата следната година да се намали меѓу два и три насто.

 

Миле А.Ристески