Град Скопје

По повеќе од три години скопските градоначалници одржаа седница на Координативното тело

27.11.2025 16:55

По повеќе од три години застој, по изборот на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, прва седница на координативното тело на градоначалниците. Ова е нов почеток, пракса што повторно ја воспоставуваме за да има ред, координација и вистинска работа меѓу десетте скопски општини“, истакна Ѓорѓиевски...

По повеќе од три години застој, по изборот на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, прва седница на координативното тело на градоначалниците.

Ова е нов почеток, пракса што повторно ја воспоставуваме за да има ред, координација и вистинска работа меѓу десетте скопски општини“, истакна Ѓорѓиевски. Заедно со колегите скопски градоначалници, ќе го креираме буџетот, ќе ги решаваме старите проблеми, ќе отвораме пат за проекти кои му носат корист на секој скопјанец, потенцира градскиот татко. Информираше за, како што рече, лошата финансиска состојба и нефункционалните јавни претпријатија.

Ѓорѓиевски дециден, нема да има толеранција за оние кои не оделе на работа, а земале плата.

Скопскиот градоначалник додаде дека паралелно се одвиваат постапки за изградба на лунапаркот, а се работи и на реализација на проектот за брз рапид систем за нормализирање на јавниот превоз во главниот град, којшто треба да започне идната година.

Ѓорѓиевски најави и реализација на проектите што ги ветил во програмата, како што се Лимак, кружниот тек во Ѓорче Петров, стабилизација на притисокот на вода во високите зони, но и други проекти во интерес на граѓаните.

Игор Панов