Нема одлука за линеарното зголемување на пензиите
На седницата, одржана на 19-ти месецов, со мнозинство гласови, уставните судии изразија сомнеж во уставноста на Законот за пензиско и инвалидско осигурување...

Нема конечна одлука по предметот за линеарното зголемување на пензиите-тврдат од Уставен. Велат на седницата, одржана на 19-ти месецов, со мнозинство гласови, уставните судии изразија сомнеж во уставноста на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од собранието и од предлагачите на законот, по што ќе следува конечна одлука.
Во однос на тоа дали е поведена постапка за сите линеарни покачувања, досега исплатени на пензионерите, од судот потенцираат дека нема да се преиспитуваат одредбите за зголемувањето по 2 илјади и 500 денари, исплатени во септември 2024 и март годинава, бидејќи на седницата судот ја отфрли поднесената иницијатива.
