„Блек фрајдеј“

ДПИ со засилени вонредни инспекциски надзори

28.11.2025 09:33

Целта е, велат од инспекторатот, да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти.

Државниот пазарен инспекторат ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата по најавените таканаречени „блек фрајдеј“ акции.

Целта е, велат од инспекторатот, да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти.

Посочуваат дека за секоја неправилност ќе следат санкции и казни. Ги повикуваат граѓаните секоја нерегуларност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат.