Очекувани победи на олимпискиот и на светскиот шампион
Олимписките владетели, Русите и светските, Бразилците очекувано ги прегазија Египет и Тунис со по 3:0, за задржување на максималниот ефект во групите Ц и Б, по две кола на 18 одбојкарски мундијал што се игра во Полска. Најголемото изненадување во второто коло е триумфот на Канада над Бугарија, со 3:2. Германија ја совлада Куба со 3:0, Финска славеше против јужна Кореа со чисти 3:0, Мексико и зема сет на Кина, за 1:3.

Поредокот во групата А го предводи Полска со 2:0, пред Аргентина, Австралија и Србија кои што се на местата што водат во вториот круг. Бразил, Финска, Германија, и Јужна Кореа се на првите 4 позиции во друштвото Б. Русија, Кина, Бугарија и Канада се првите 4 во групата Ц и Иран, Франција, Белгија и САД се пред разочарувањето Италија во групата Д.
Утре играат Италија и Белгија од 20:15 во живо на МТВ, терминот во кој што домаќинот Полска се соочува со венецуела. Другите мечеви се Камерун против Аргентина и Порторико – САД од 13 часот, односно Иран – Франција и Србија – Австралија од 16:30.