Конференција „Хибридни и информациски закани: од препознавање кон национален системски одговор“
За време на случувањето, ќе биде претставен документот за јавни политики подготвен од ИКС, со наслов „Институционален одговор на странското мешање и манипулирање со информации во Северна Македонија: модели и опции за политика“.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес ќе одржи почетно излагање на конференцијата со наслов „Хибридни и информациски закани: Од препознавање кон национален системски одговор“, која е организирана од страна на Институтот за комуникациски студии (ИКС).
Според информациите од ИКС, на конференцијата ќе се обрати и амбасадорот на Обединетото Кралство во нашата држава, Метју Лосон, директорката на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајкоска, а во панел-дискусијата ќе учествува министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, како и професори и стручњаци во оваа област од земјата и Европа.