Статистика

Наталитетот зголемен, но природниот прираст и натаму негативен

28.11.2025 11:24

Природниот прираст е негативен и изнесува -418...

Во третото тримесечје од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 4.431 и во споредба со истиот период од 2024, е зголемен за 3,7 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица, пак, бележи намалување од 0,5 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.849 лица, а од нив 20 се починати доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.