Зеленски: Мирот зависи од условите поставени од светот, не од заканите на Русија
Дали ќе има мир не зависи од заканите на Русија или од какви било ултиматуми, зависи од условите што светот ги обезбедува за да не може да продолжи оваа агресија, став на украинскиот претседател Зеленски. Специјалниот претставник на САД, Виткоф, треба да ја посети Москва следната недела, соопшти Кремљ...

Мирот зависи од условите поставени од светот, а не од заканите на Русија или од какви било ултиматуми, став на украинскиот претседател Зеленски.
„Руската војна продолжува и сите слушаме дека ги презира напорите на клучните глобални сили навистина да ја завршат војната со траен мир. Но, дали ќе има мир не зависи од заканите на Русија или од какви било ултиматуми што ги искажува. Зависи од условите што светот ги обезбедува за да не може да продолжи оваа агресија“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Специјалниот претставник на САД, Виткоф, треба да ја посети Москва следната недела, соопшти Кремљ, додека секретарот на американската армија, Дрискол, кој во последните недели одигра важна улога во мировните напори, можеби ќе се упати кон Киев.
„Се согласивме дека ние ќе одлучиме, а администрацијата на претседателот на САД ќе одлучи кој треба да дојде и кога. Најновата информација што ја добив вчера е дека претседателот Трамп решил, како што беше претходно договорено, дека американската страна предлага состанок во Москва следната недела“, истакна рускиот претседател, Владимир Путин.
Предлозите на САД за прекин на војната меѓу Русија и Украина нудат почетна точка за разговори, изјави вчера рускиот претседател Путин. Шефот на Кремљ претходно побара Украина целосно да се повлече од регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје пред Русија да разгледа каков било вид мировни преговори.
