САД

Трамп најави трајно запирање на миграцијата од сите земји од третиот свет

28.11.2025 20:11

Претседателот на САД изјави дека еден од двајцата членови на Националната гарда на Западна Вирџинија, застрелан од авганистански државјанин во близина на Белата куќа, починал. По нападот, шефот на Белата Куќа најави планови за заострување на имиграцијата, велејќи дека сегашната политика го нарушила националниот напредок...

Претседателот на САД изјави дека еден од двајцата членови на Националната гарда на Западна Вирџинија, застрелан од авганистански државјанин во близина на Белата куќа, починал. По нападот, шефот на Белата Куќа најави планови за заострување на имиграцијата, велејќи дека сегашната политика го нарушила националниот напредок и дека ќе воведе трајно запирање на миграцијата од сите земји од третиот свет.

„Сакам да ја изразам болката и ужасот на целата наша нација од терористичкиот напад во кој дивјачко чудовиште застрела двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија, кои беа распоредени како дел од работната група на Вашингтон, која заврши неверојатна работа. Мислам, до вчера буквално немавме инциденти со месеци. Беше најбезбедното место што може да се замисли, а ова е поинаков вид криминал. Ова е навистина лош криминал“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Трамп рече дека пукањето било терористички напад, критикувајќи ја администрацијата на Бајден за тоа што им овозможила на Авганистанците кои работеле со американските сили за време на војната во Авганистан да влезат во САД.