Принудна вселенска прошетка
НАСА издаде наредба за итна, принудна прошетка на екипажот во вселената поради поправка на системите за ладење во Меѓународната вселенска станица, пренесува Би-Би-Си. Поради пумпата за разладување, космонаутите ќе мора три пати да излегуваат од станицата. Секоја од прошетките ќе трае по 6 и пол часа, кои ќе почнат в сабота. Американската вселенска агенција информира дека состојбата е потенцијално сериозна, но не по животот на космонаутите. Половината од системот автоматски се исклучил поради несоодветни температури.
НАСА издаде наредба за итна, принудна прошетка на екипажот во вселената поради поправка на системите за ладење во Меѓународната вселенска станица, пренесува Би-Би-Си. Поради пумпата за разладување, космонаутите ќе мора три пати да излегуваат од станицата. Секоја од прошетките ќе трае по 6 и пол часа, кои ќе почнат в сабота. Американската вселенска агенција информира дека состојбата е потенцијално сериозна, но не по животот на космонаутите. Половината од системот автоматски се исклучил поради несоодветни температури. Поправките ќе траат до јануари, со што се одложува снабдувањето на станицата со нови намирници.
