Блиски Исток

Најмалку девет лица убиени од израелските сили во судирите со локалните групи во сириско село Беит Џин

28.11.2025 18:08

Инцидентот се случил за време на операција за апсење на членови на либанската исламистичка група Ал-Џама ал-Исламија...

Најмалку девет лица беа убиени од израелските сили за време на судирите со локалните групи во јужното сириско село Беит Џин. Според израелската одбрана, шестмина резервисти се повредени во нападите.

Инцидентот се случил за време на операција за апсење на членови на либанската исламистичка група Ал-Џама ал-Исламија.

Израел спроведува операции и на Западниот Брег, по нападот врз двајца Палестинци, Тел Авив се соочи со обвинувања дека употребува прекумерна сила. Израелската војска соопшти дека ги истражува наводите.