Италија

Национален штрајк во Италија против предлог-буџетот за следната година

28.11.2025 11:47

Во Италија денеска стапи во сила 24-часовен национален штрајк организиран од водечките синдикални организации во земјата...

Во Италија стапи во сила 24-часовен национален штрајк против предлог-буџетот за следната година.

Водечките синдикални организации во земјата бараат повеќе инвестиции во образованието, здравството и транспортот, намалување на трошоците за одбрана, индексирање на пензиите според инфлацијата, како и закон за минимална саатница.

Организаторите, исто така, повикуваат на запирање на воената поддршка за Израел. Ова е еден од неколкуте национални штрајкови што се одржаа во Италија од почетокот на есента, а следниот е закажан за 12-ти декември.