РКЕ
Регулаторна денеска треба да ја утврди новата цена на парното
28.11.2025 10:15
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на парното греење што ќе важи од 1 декември...

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на парното греење што ќе важи од 1 декември.
Одлуката каснеше неколку месеци поради тоа што Комисијата ја чекаше проценката на вредноста на топланите од Бирото за процена, документ неопходен за утврдување на конечната тарифа.
Првичните најави уште од летото укажуваа дека компаниите што испорачуваат топлинска енергија побарале околу 50 проценти повисока цена. Одлуката треба да биде донесена врз основа на доставените трошоци од производителите и дистрибутерите и состојбите на пазарот со енергенси.
