Шпанија и одржа лекција на Франција, САД правеа атракции со Доминиканците
Денес со 5 коло завршуваат натпреварите по групи, по кои ќе бидат познати осминафиналните дуели...

Во дерби натпреварот од 4 коло во “А“ групата на СП во кошарка, домашната Шпанија ја прегази Франција со 88 : 64. Шпанците доминираа во текот на целиот меч против европскиот првак и ја остварија својата четврта победа, во која сите 12 кошаркари се запишаа меѓу стрелците, имаа петмина со двоцифренни играчи, а најефикасен беше Марк Гасол со 17 поени. Претходно Бразил во меч со чудни пресврти ја совлада Србија со 81 : 73, предводен од Виеира со 21 поен. На полувреме кариоките имаа 16 предност, во третиот период Србите го добија со 32 : 12 а бразилците се вратија во последниот, кој го добија со 21 : 9. Арапската пресметка на дното на табелата му припадна на Иран, по победата над Египет со 88 : 73. На табелата Шпанија води со 8 бода, еден повеќе од Бразил, а Франција и Србија имаат по 6 бода.
Во “Б“ групата Грција беше одигра уште еден квалитетен меч и ја совлада Хрватска со 76 : 65, Аргентина го декласира Сенегал со 81 : 46 а Порторико се намачи против Филипини за 77 : 73. Води Грција со 8 бода, пред Аргентина со 7, а Сенегал и Хрватска се со по 6.
Во “Ц“ групата САД оствари уште една стотка, во егзибициска игра против Доминиканската Република со 106 : 71, каде што најефикасен беше Фарид со 16 поени. Мечот наликуваше на ревијален, во кој сите во американскиот состав запишаа поени, а само еден од противничката селекција не беше меѓу стрелците. Турција дури по продолжението ја победи Финска со 77 : 73 а Нов Зеланд беше убедлив против Украина со 83 : 61, за нивна прва победа. САД го обезбедија првото место со 8 бода, пред Украина, Турска и Д. Република со по 6.
Во “Д“ групата Словенија ја совлада Ангола со 93 : 87 за нивна четврта победа, Литванија беше надмоќна со Ј. Кореа 79 : 49 и Австралија сигурна со Мексико за 70 : 62. Словенците имаат 8 бода, пред Австралија и Литванија со по бод помалку.
Денес со 5 коло завршуваат натпреварите по групи, по кои ќе бидат познати осминафиналните дуели:
Во „А“ групата е се јасно околу четирите патници во нардената рунда, но мотивите се подобра позиција во следната рунда. Најпрвин играат Бразил – Египет, па Иран - Франција и во вечерниот термин Србија – Шпанија. Во “Б“ двојките се Сенегал – Филипини, Хрватска – Порторико и Аргентина – Грција, решавачки за победник во групата. Во “Ц“ Финска – Нов Зеланд, Украина – САД и Турција – Д. Република. И во “Д“ групата Австралија – Ангола, Ј. Кореа – Мексико и во пресметката за првото место Литванија – Словенија.
